Во Мала Староградовка, село сместено на ничија земја меѓу Украина и Русија, живеат само двајца средовечни мажи: пензионираниот Сергеј Сергеич и Пашка, неговиот ривал од училишните денови. Сред воениот конфликт што сè повеќе се разгорува, единственото задоволство на Сергеич се неговите пчели. Но, кога завршува зимата, тој решава да ги одведе пчелите далеку од воената зона за да можат да собираат полен и ќе помине илјадници километри за да ги пренесе на полуостровот Крим. Детската едноставност на Сергеич и неговиот силен морален компас ги разоружува сите што тој ги среќава по патот.
„Сиви пчели“ е воен роман во кој војната има периферна улога, а централно место зазема приказната за фасцинацијата на еден човек од природниот поредок на универзумот и за тоа што може да се случи кога тој универзум ќе биде изваден од рамнотежа поради човековото влијание.

ДЕТАЛИ ЗА КНИГАТА
Едиција: Измислени светови
Наслов на оригиналот: Серые пчелы / Андрей Курков
Превод: Милена Николовска
Број на страници: 432
Повез: мек
Формат: 14 x 20 cm
Година: 2024
ISBN: 978-608-4852-97-1