Мартин Берг, неуспешен писател и сопственик на мала издавачка куќа во Гетеборг, запаѓа во сè поголема криза. Неговата сопруга мистериозно исчезнува, неговиот најдобар пријател не му одговара на повиците, неговата издавачка куќа тоне во долгови, а се чини дека и неговите деца сè повеќе сакаат да се оддалечат од него. Еден ден неговата ќерка случајно ќе открие трага што може да ја открие тајната за исчезнувањето на мајка ѝ, но одговорите се сосем различни од тие што ги очекува.
„Собрани дела“ е динамичен, читлив и вешто напишан роман што во основата е семејна сага, но всушност се разгранува во суптилно и длабоко филозофско промислување на суштината на уметноста, пријателството, верноста, љубовта и среќата.

„Грандиозна, комплексна драма за семејството, уметноста и жртвата, која несомнено ќе ги освои читателите.“
„Паблишерс викли“

„Ги насетуваме нејзините американски влијанија, како Џонатан Френзен или Пол Остер, но со својот едноставен пристап кон комплексни теми Лидија Сандгрен очигледно избира оригинален пат. Ова е книжевност за нашето време: сериозна, длабока, но никогаш крута и здодевна.“
„Клајне цајтунг“

ДЕТАЛИ ЗА КНИГАТА
Едиција: Измислени светови
Наслов на оригиналот: Samlade verk / Lydia Sandgren
Превод: Катерина Јосифоска
Број на страници: 776
Повез: мек
Формат: 14 x 20 cm
Година: 2024
ISBN: 978-608-5058-05-1