Во 1981 година Глазгов тоне во економска и социјална криза. Агнес Бејн со своите три деца и сопругот е принудена да се пресели во малиот стан на своите родители. Борејќи се со сиромаштијата, депресијата и насилството на кое е секојдневно изложена, Агнес сè повеќе сфаќа дека никогаш нема да го живее животот што го посакува. Нејзиниот најмал син, Шаги, е единствениот што сонува дека љубовта, сепак, може да го спаси неговото семејство.
„Шаги Бејн“ е роман за растењето и созревањето на едно момче, за распаѓањето на едно семејство, за безусловната љубов, за борбата со сопствените демони и роман за пропаста на едно општество. Раскажан едноставно и низ детска перспектива, а истовремено комплексен во поглед на темите и мотивите што ги разработува, „Шаги Бејн“ е трогателен и незаборавен роман.
„Пишувајќи со голема топлина и сочувство кон ликовите, Стјуарт создава роман за својот живот без да пишува автофикција. Приказната е потресна, но ги воздигнува читателите во име на книжевноста.“
„Гардијан“
„Првенецот на Даглас Стјуарт е роман со ретка и трајна убавина, истовремено нежен и моќен, со толку добро изграден главен лик, што ни се чини дека го препознаваме во секој од нас.“
„Опсервер“
ДЕТАЛИ ЗА КНИГАТА
Едиција: Измислени светови
Наслов на оригиналот: Shuggie Bain / Douglas Stuart
Број на страници: 488
Повез: мек
Формат: 14 x 20 cm
Година: 2025
ISBN: 978-608-5058-25-9

