Андреас Егер речиси целиот свој живот го поминува во едно мало село на Алпите. Само еднаш ќе го напушти својот дом – и тоа за да заврши како воен заробеник во Русија. Убеден дека неговиот живот е сосем обичен, Егер тивко гледа како светот што го познава полека исчезнува околу него. Ќе му биде потребен цел живот за да ја открие вистинската длабочина и убавина на своето постоење.
„Цел живот“ е замислен како роман кој треба да го растресе мисловниот свет на читателот. Раскажувајќи спокојно, едноставно и без патетика, Зеталер вешто, само со неколку слики, прикажува како се менува цел еден свет во мало. Истовремено мрачен и ведар, овој наградуван краток роман совршено ја покажува моќта на книжевноста да ги долови најсуптилните фрагменти од човечкиот живот и од нив да создаде убавина од која застанува здивот.

„’Цел живот’ е дело со застрашувачка убавина. Длабок, мудар и спокоен роман, каков што денес среќаваме сè поретко.“
The Times

„Секој глас, секој збор, секоја реченица – сè е на своето место, како во нежна, хармонична песна за еден едноставен и исполнет живот.“
Die Welt

„’Цел живот’ е мало, но неверојатно моќно ремек-дело. Навистина е зачудувачки како Зеталер успева да ја раскаже целата оваа голема и длабока приказна со толку едноставна проза и на толку малку страници.“
Daily Mail

ДЕТАЛИ ЗА КНИГАТА
Едиција: Измислени светови
Наслов на оригиналот: Ein ganzes Leben / Robert Seethaler
Преведувач: Катерина Јосифоска
Број на страници: 128
Повез: мек
Формат: 14×20 cm
Година: 2018
ISBN: 978-608-4852-02-5

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *