Збирката „Речиси вчера“ содржи четириесет и две песни од реномираната и наградувана поетеса Љуљета Лешанаку. Песните од книгата тематски ги обединува концептот на испишување „интимна историја“, преку кој рефернцијалните, историски и биографски елементи добиваат интимен, личен тон кој е типичен за лирскиот дискурс. Ваквиот спој на спротивни тенденции е главниот и препознатлив печат на творештвото Лешанаку, изворот на силата и оригиналноста на нејзиниот поетски израз. Имено, во поезијата на Лешанаку нема директни и површни коментари на историјата, ами чисти слики и „мали приказни“, интуитивни навестувања на некоја скриена реалност и едноставни, речиси наивни упатувања кон она за кое (речиси) никој не сака да зборува. Како и во секоја добра книжевност, премолченото во песните на Лешанаку ја носи сета семантичка тежина и емотивна разорност на изразот.

ДЕТАЛИ ЗА КНИГАТА
Едиција: animula vagula blandula
Наслов на оригиналот: Pothuajse dje / Luljeta Lleshanaku
Преведувачка: Линдита Ахмети
Број на страници: 112
Повез: мек
Формат: 12×19 cm
Година: 2019
ISBN: 978-608-4852-15-5

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *