Елинор има триесет и шест години и се обидува да најде љубовен партнер на Интернет. Макс е средовечен писател кој сонува да има љубовница полиглот, жена што ќе го разбира на сите јазици. Приказните на Макс и Елинор ќе се преплетат на најнеобичен начин кој открива низ што сè сме подготвени да поминеме во нашата потрага по љубов и задоволство.
Напишан како метафизички трилер кој балансира на границите на реалноста, романот „Љубовниците полиглоти“ го води читателот од една до друга загатка сè до последните страници на кои одеднаш се спојуваат сите нишки на приказната. За овој роман Лина Волф во 2016 година го добива најпрестижното шведско признание за книжевност, наградата „Аугуст“.

„Необичен и провокативен роман кој сосем заслужено може да се вброи во канонот на современата феминистичка литература.“
„Гардијан“

„Длабоко ироничен и остар, ‘Љубовниците полиглоти’ е роман кој го преиспитува концептот за уметничката генијалност и допира некои од најгорливите проблеми на времето во кое живееме.“
„Буклист“

„Инспирирана од Уелбек, Лина Волф ја портретира женската перспектива на нашата современа бездушност и нарцисоидност.“
„Волстрит џурнал“

ДЕТАЛИ ЗА КНИГАТА
Едиција: Измислени светови
Наслов на оригиналот: De polyglotta älskarna / Lina Wolff
Преведувачка: Родна Русковска
Број на страници: 248
Повез: мек
Формат: 14×20 cm
Година: 2020
ISBN: 978-608-4852-22-3

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *