Moур, средовечен актер, патува низ Европа со својата сопруга и двете мали деца. Посетуваат театарски фестивали на кои целото семејство ги изведува своите претстави. Соочено со сè поголемата омраза кон странците во Западна Европа, актерското семејство решава да се врати дома, во Чешка. Меѓутоа, нивниот пат до дома се претвора во пародична авантура со епски пропорции и митска симболика, често балансирајќи на работ на апсурдното.
Во својот најнов роман Јахим Топол ги крши конвенциите на раскажувањето, ги меша времињата, ги преплетува фантазијата и стварноста, ги претопува ликовите еден во друг – со цел да го наслика културниот, политички и социјален хаос во денешна Источна Европа. Ова е роман за „Дивиот Исток“, преполн со гротескни ликови, црн хумор и жестока општествена критика.

„’Чувствителен човек’ е сатира, делириум, авантура, археологија на збунетото време во кое живееме, а сепак и топло, хумано дело од првата до последната реченица.“
„Die Zeit“

„Грандиозно дело што ја исмева и критикува какофонијата на денешното европско општество… Јахим Топол несомнено е еден од најинтересните современи чешки автори.“
„Frankfurter Allgemeine Zeitung“

Прочитај извадок

ДЕТАЛИ ЗА КНИГАТА
Едиција: Измислени светови
Наслов на оригиналот: Citlivý člověk / Jáchym Topol
Преведувачка: Соња Стојменска-Елзесер
Број на страници: 392
Повез: мек
Формат: 14×20 cm
Година: 2020
ISBN: 978-608-4852-20-9

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *