Во детството нештата не се секогаш такви какви што изгледаат на прв или на втор поглед: мајките и татковците понекогаш може да не се многу внимателни родители, бабите и дедовците не се секогаш заштитници кои знаат мудри и убави приказни, гуските не се секогаш вистински птици со пердуви, а ни самите деца не се вистинската верзија на себеси.
Преку необичен и автентичен светоглед, во романот „Диви гуски“ се раскажува приказна за едно детство кое е среќно како и сите други, а сепак и несреќно на свој начин. А приказната би можела да биде и сосем поинаква – доколку едни се сакале многу повеќе, а други се сакале малку помалку; доколку некои простории останале заклучени, а други отворени; доколку некои зборувале помалку, а други молчеле; доколку некои преживеале, а други умреле навреме…

„Јазикот со кој Адамовиќ ја гради својата приказна е невообичаен, речиси на работ на реалноста, а речениците, иако јасни и експлицитни, често повеќе премолчуваат отколку што кажуваат, па останува на читателот да проникне во длабочината на нивните слоеви.“
Илија Ашчиќ, „Артикулације“

„Неочекувано ремек-дело од мрачните панонски рамници.“
Миљенко Јерговиќ, „Јутарњи лист“

„Во ‘Диви гуски’ јасно доаѓа до израз талентот на авторката. Таа смислува приказна која нè вовлекува во себе. Нејзиниот начин на раскажување ‘се лепи’ за читателот како магнет. И потоа времето застанува.“
Љерка Цар Матутинивиќ, „Вјенац“

ДЕТАЛИ ЗА КНИГАТА
Едиција: Измислени светови
Наслов на оригиналот: Divlje guske / Julijana Adamović
Преведувач: Владимир Јанковски
Број на страници: 208
Повез: мек
Формат: 14×20 cm
Година: 2020
ISBN: 978-608-4852-24-7