Драг наш Калин,

Што ти беше најзабавно кај книгата „Јарињата Брусе одат на базен“?

Кога јарињата Брусе со помош на итрина го избркаа тролот од базенот и тогаш најголемото јаре му кажа на тролот: „Аста ла виста бејби“.

Во книгата, речиси сите се плашат од Тролот. На кој начин, според тебе, се победуваат стравовите?

Со храброст! Треба да му погледнеш на стравот во очи и да му кажеш – Бу, не се плашам од тебе!

Дали мислиш дека е важно тоа што јарињата се држат заедно? Какви предности им носи тоа?

Да, им помага, затоа што другарството е посилно од еден човек. Тие си помагаат и можеби се послаби од тролот, ама се досетливи. Малото јаренце можеби не може само да победи еден голем и страшен трол, ама може, ако има помош.

Знам колку си креативен, па ме интересира, што би правел на базенот со животните?

Би си уживал, би си играл со јарињата Брусе, би се лизгал на лизгалката како тобоган и би ги нацртал сите животни. Тролот би го нацртал со портокалови очи оти е ифрит лут.

Каква порака ти прати тебе приказната? Дали те научи на нешто битно?

Дека никаде не треба лошо да се однесуваме. Нема врска дали сме дома или надвор, треба да се однесуваме добро!

Знаеш како завршува книгата. Што си замислуваш дека е можно да се случува понатаму со јарињата, тролот, и останатите животинчиња?

Јарињата Брусе продолжиле да одат на базен, го научиле тролот да биде добар. Секаде!

Каква порака би им пратил ти на авторите на книгата, што би сакал да им кажеш?

Би им кажал дека книгата ми е убава и поучна, и дека едвај чекам да има нов дел со авантурите на јарињата…

Дали можеш да се обидеш да нацрташ еден од ликовите, или некоја сцена од книгата, и да ни го пратиш цртежот?

 

Тролот со портокалови очи, ифрит лут

 

Калин Доковски и „Јарињата Брусе одат на базен“