– Разговор со Тоше и Ана за КАКО ДА ИСПЛАШИШ ЧУДОВИШТЕ од Јана Бауер –
Разговорот го води: Маја Лазаревска
Кој ви е омилен дел од книгата „Како да исплашиш чудовиште“ на Јана Бауер?
Ана: Кога го носат чудовиштето по скалите и го плашат Еди со чудовиштето. Убави ми се и цртежите во книгата, а и приказната на Штракало.
Тоше: Кога одат кај господинот Штракало.
Кога би имале чудовиште под креветот, како би го избркале?
Aна: Ќе го избркам со метла и ќе го фрлам низ прозор. Или ќе го викнам татко ми, тој е поголем од чудовиштето.
Tоше : Со меч и штит. Или ќе го испрскам со спреј против чудовишта. A можеби, ќе му се јавам на Спајдермен.
Што нè учи книгата за важноста на пријателствата?
Aна: Дека треба да си помагаме со другарите кога имаме проблем.
Тоше: Да не бидеме како лошото дете на скалите. Во еден дел од книгата, дечињата се обидуваат да го избркаат чудовиштето со една песничка. Што би му кажале вие на чудовиштето?
Ана: Дека треба да стане да јаде и да оди на работа, така ќе излезе од под креветот .
Тоше: Дека ќе излеземе и тоа ќе мисли дека е само дома и така ќе излезе, а ние ќе чекаме скриени.
Што би ја прашале авторката Јана Бауер во врска со книгата?
Ана и Тоше: Како дошло чудовиштето под креветот на Филип? Како се вратил господин Штракало назад од вселената на земјата?
Одговор од Јана Бауер: Кога господин Штракало бил мало момче, едно чудовиште го удрило со својата опашка и го исфрлило право во вселената, па тој долго време слободно лебдел меѓу планетите. За среќа, го носел својот најнов изум, вселенски скафандер со кој можеш во вселената да преживееш точно една година, седум месеци, три недели, два дена и дваесет и три часа. Затоа тој можел толку долго да скита слободно меѓу планетите.
Во еден момент за малку и ќе се откажел, но потоа ја собрал сета волја што ја имал. Уште еднаш внимателно ја испитал својата вселенска мапа и најпосле успеал да најде една вселенска станица.
Може да замислите колку биле изненадени астронаутите кога одеднаш забележале непознат летачки астронаут. Се разбира, тие го вратиле момчето дома, живо и здраво. Така, кога господин Штракало се вратил, го избркал Опашкото. За жал, не знаел дека чудовиштето снесло јајце во најмрачниот агол на зградата.
Поминале долги дваесет години пред јајцето да се отвори. Младото суштество што излегло од јајцето извесно време се криело и се хранело во подрумот, а потоа, во еден момент, кога мајката на Филип цел ден ја оставила вратата од станот отворена, тоа се пикнало под креветот на Филип.
Ана и Тоше: Зошто го носат чудовиштето во шумата, наместо да повикаат полиција? Или зошто не го фрлат во ѓубре, па да го земат ѓубреџиите?
Одговор од Јана Бауер: Тие го носат чудовиштето во шумата бидејќи тоа не е виновно за тоа што е чудовиште. Мислат дека ќе биде полесно да си најде мир на сонце и во дивина. Не викаат полиција бидејќи се убедени дека полицијата не би знаела како правилно да се справи со чудовиштето, па дури и можеби ќе имаат некаков проблем со него. Поради истата причина не ги викаат ни ѓубреџиите.
Ана и Тоше: Што работи Штракало?
Одговор од Јана Бауер: Господин Штракало се посветил на наука, пронаоѓање и истражување. Нема формално образование затоа што многу патувал, а читал уште повеќе. Тој се занимава со откривање на непознатото и со пронаоѓање неверојатни нешта. Тој е најучениот човек на северната полутопка. На јужната полутопка, единствено господин Зао Брбтко има прочитано повеќе книги од него.
Ана и Тоше: Дали чудовиштето ќе се разбуди и ќе се врати назад да ги плаши повторно?
Одговор од Јана Бауер: Чудовиштето нема да се врати, премногу е исплашено од Филип и од Отон и од нивната мала црна кутија.
И за крај, ги замоливме Ана и Тоше да нацртаат едно од чудовиштата од книгата, или да нацртаат некое ново по нивна желба. Ни ги пратија овие цртежи: