Едно дете си имало вистинско волшебно камче.
Тоа можело да се претвора во слон и во летачки дворец
и во вистински тркачки автомобил, но само
попладне додека детето спиело. Го ставаш камчето
под перницата и, додека спиеш, слонот,
или летачкиот дворец или тркачкиот автомобил
те шетаат по целиот свет. Само што детето
сè нешто не можело да заспие, затоа што многу му се брборело
и му се играло. Сепак, си го зачувало камчето
и кога пораснало му го подарило на своето дете.
Извадок од книгата „Кратки приказни за досонување“
од Зорница Христова со цртежи на Миглена Папазова.
Превод: Дарин Ангеловски