цел ден
ја обиколувамеЗемјата
во една куќа
срцето тропа
однатрено како да му
отворам
оставам знаци
дека сум била тие оставаат други
дека ме нема
зборовите што ги
премолчувамесами си говорат
меѓу себе
не растеш ти
детерастат твоите
играчки
има денови кога
ситезаедно сме сами
како еден
спијам под сенката
на одлетана птица
секој миг
се разделувамесекое здраво
е за збогум
толку е тивка
оваа ноќслушам чекори по
небото
она што допрва
треба да дојдевеќе ме чека
во минатото
на прагот
како верно кучего очекувам
сопственото враќање
спиј дете
најбрзатаутеха
е сонот
Од „Трошки за мртва птица“ од Мариј Росен
Превод од бугарски: Маја Лазаревска