„Грозовилата е една самовила која дошла од небото во чајник, многу била лута и имала кафеави рогчиња и бел фустан со цветови. Лута е зашто ветрот ја трескал и фрлал и таа се превртувала во чајникот. Најверојатно небото бил нејзин дом.“

Ведран, 8,5 години

„Таа е волшебна самовила која го спасува светот.“

Ева, 11 год.

„Грозовилата има убаво фустанче. Таа е многу лута ама многу добра. Лета со чајник. Има една прекрасна колибка. Мислам дека е малечка. Многу шета. Многу сака да трча и многу сака да се поздравува со бувот и мечката.“

Александар Димитровски, 5 год.

„Грозовилата, каква може да биде, многу грозна и замисли, лета во чајник! Да, чајник за чај…“

Виктор, 5 години

 

ДРАГИ ЧИТАТЕЛИ, ДОСЕГА ИМАМЕ ИЗДАДЕНО ДВЕ КНИГИ ЗА ГРОЗОВИЛАТА:
Грозовилата во Страшната шума

и

Грозовилата и Дивата зима

од авторката Јана Бауер
Превод на книгите: Лидија Димковска